Линкови за пристапност

Короната однесе 101 живот за две недели, деветмина од починатите биле вакцинирани


Петнаесет отсто од новозаболените се вакцинирани. Здравствените капацитети забрзано се полнат, над 700 хоспитализирани, болниците во Кочани и Гевгелија се единствените без Ковид пациенти. Секој единаесетти хоспитализиран е вакциниран

СКОПЈЕ - Огромен број од новозаболените од коронавирус, хоспитализираните и починатите не примиле никаква вакцина покажуваат анализите на здравствените власти. Процентите се движат од 85 отсто кај активните случаи до 92 отсто кај починатите.

Од 9.881 новозаболен во периодот од 6 август заклучно со вчера, 8.374 не биле вакцинирани а 1.507 лица или 15 отсто биле целосно вакцинирани односно ги примиле двете дози вакцина.


Кај хоспитализираните овој процент е уште повисок па од 724 пациенти кои се лекуваат во моментов само 9 отсто, односно 66 пациенти се цлосно вакцинирани.

Во последните две недели епидемијата на коринавирусот однесе 101 живот, а од Министерството за здравство информираат дека 9 пациенти, односно само 8 отсто биле вакцинирани но имале хронични заболувања.

Над пет илјади граѓани во моментов се наоѓаат во изолација бидејќи се позитивни или суспектни на вирусот, покажуваат официјалните бројки на МВР


На прашањата за старосната група на вакцинираните пациенти кои заболеле, се хоспитализирани или пак починале, како и за кој тип на вакцина примиле здравствените власти најавија дополнителни одговори.

Болниците продолжуваат рапидно да се полнат и се очекува отварање на ковид центри во склоп на клиниките како што беше направено за амортизирање на ударот од третиот бран на епидемијата. Едниствено во болниците во Гевгелија и Кочани нема ковид пациенти. Во Скопје се лекуваат 205 пацинети додека во внатрешноста на државата се хоспитализирани уште 519 лица.


Во Скопје, на Инфективната клиника се хоспитализирани 135 пациенти а отворена е и модуларната болнница, во болницата „8 ми Септември“ има 36 пациенти а на Клиниката за ТБЦ 34 заболени. Критично е во Клиничкиот центар во Тетово каде што се исполнети капацитети и каде што во моментов има 124 хоспитализирани. Во Гостивар има 88 хоспитализирани а во Куманово 80. Во другите градови бројката на паациенти се движи од 18 до 38 хоспитализирани лица позтивни на коронавирусот. Она што е загрижувачки е што голем дел од нив се приклучени на кислородна поддршка.

Во земјата од почетокот до сега се детектирани 40тина случаи на делта сој. На секој позитивен случај не се прави секвенционирање на вирусот
Министерство за здравство


Иако немаат прецизни бројки од здравствените власти го повторуваат ставот дека т.н. „Делта сој“ се шири низ државата и набрзо ќе биде доминатен кај заболените.

„Во земјата од почетокот до сега се детектирани 40тина случаи на делта сој. На секој позитивен случај не се прави секвенционирање на вирусот. Делта сојот рапидно се шири во земјите во регионот и светот па очекувано е истиот набрзо да стане доминантен и кај нас“, одговорија од Министерството за здравство.

Масовната вакцинација продолжува и речиси половина милион граѓани се целосно ревакцинирани.

„Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 638.428 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.275 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.623 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.134.231 дози вакцини, а ревакцинирани се 495.803 граѓани“, гласат официјалните информации.


Во државата се користат вакцините на производителите „Фајзер“, „Синовак“ и „Астра Зенека“ кои се наменети само за граѓани постари од 60 години

За сега нема официјален одговор како дваесетина жители на Тетово и Гостивар изминативе неколку дена заминаа во странство иако им беа издадени решенија за изолација


Над пет илјади граѓани во моментов се наоѓаат во изолација бидејќи се позитивни или суспектни на вирусот, покажуваат официјалните бројки на МВР. Вчера кај повеќе од половина биле извршени контроли а дванаеестмина не биле најдени на локацијата која ја пријавиле.

„Во овој момент од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат актуелни се 5.028 решенија за изолација при што во оваа бројка влегуваат и вчерашните 473 издадени решенија за изолација. Од друга страна во текот на посочениот датум од страна на полициски службеници извршени се вкупно 2.870 контроли при што во 12 случаи се утврдени непочитувања на изречената мерка (“изолација“). Исто така заклучно со 19/20.08, значи во моментов 54 лица се наоѓаат во самоизолација и при направените контроли на овие лица не утврдено прекршување на таа мерка“, соопштија од МВР за Гласот на Америка.

За сега нема официјален одговор како дваесетина жители на Тетово и Гостивар изминативе неколку дена заминаа во странство иако им беа издадени решенија за изолација.

XS
SM
MD
LG