Линкови за пристапност

Тереза Меј побара тримесечно одложување на Брегзит


Наместо на 29 март, новиот рок за разделба со ЕУ да биде 30 јуни, стои во барањето на британската премиерка до европските лидери

Брегзит да биде одложен до 30 јуни, побара британската премиерка Тереза Меј од лидерите во Европската унија. Барањето доаѓа откако британските законодавци минатата недела изгласаа да се бара одложување на датумот 29 март, кој беше последен рок за напуштање на ЕУ.

За да се реализира тримесечното одложување на Брегзит, барањето на Меј треба да биде одобрено од сите земји членки на Унијата, кои, според планираниот распоред, треба да се сретнат утре во Брисел.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер истакна дека Унијата веќе не е отворена за нови преговори со Британија околу Брегзит, како и дека се мали шансите во текот на оваа недела да биде донесена одлука по барањето на Меј за нов датум за разделба.

XS
SM
MD
LG