Линкови за пристапност

Седуммина британски пратеници ја напуштаат лабуристичката партија поради Брегзит


Една од главните забелешки на групата пратеници е дека партијата станала соучесник во омекнувањето на прашањето за напуштање на Европската унија

Седуммина британски пратеници најавија дека ќе формираат независна група откако ја напушија Лабуристичката партија. Истакнаа дека тоа го прават поради несогласување со начинот на кој раководството му пристапува на прашањето за Брегзит, како и поради обвинувања за антисемитизам во редовите на партијата.

За медиумите во Британија членовите на оваа група истакнаа дека Лабуристичката партија се изменила откако лидерот Џереми Корбин го презел раководството и додадоа дека партијата повеќе не толерира централно-леви ставови.

Една од главните забелешки на групата пратеници е дека партијата станала соучесник во омекнувањето на прашањето за Брегзит.

Седуммината пратеници обвинија и дека Корбин не сторил доволно за да го отстрани антисемитизмот од партијата. Но, лидерот на лабуристите ги отфрли овие обвинувања како неосновани.

XS
SM
MD
LG