Линкови за пристапност

Клучно гласање во Британскиот парламент за Брегзит


Парламентарците во Лондон почнуваат процес на тридневно гласање за последната верзија од договорот што премиерката Тереза Меј го постигна со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер

Британскиот парламент почнува тридневно гласање со кое треба да се одлучи како ќе продолжи процедурата за разделување од Европската Унија.

Парламентарците денеска ќе гласаат за најновата верзија од планот на премиерката Тереза Меј, што е базиран на договорот што таа лани го постигна со ЕУ.

На последните разговори со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, Меј успеа да договори дополнителни услови со таканаречени „правно обврзувачки промени“, а за кои се надева дека ќе бидат прифатени од британските парламентарци.

Според „правно обврзувачкиот договор“, Британија, после напуштањето на ЕУ, ќе треба да обезбеди отворени граници меѓу Северна Ирска и Ирска, која е земја-членка на Унијата.

Јункер, воедно ја предупреди Британија дека нема многу време на располагање, со оглед дека датумот кога Брегзит треба да стапи на сила е 29 март.

XS
SM
MD
LG