„Ако не беше пандемијата, тоа ќе беше централно прашање. Ако не беше пандемијата и сега енергетската криза, ќе се зборуваше само за тоа“.
Ова го вели Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија во интервју за Гласот на Америка.
Азески прстот го посочува кон образовниот систем.
„Ние имавме еден тотално промашен образовен систем којшто не испорачуваше луѓе. Квотата што остана од Југославија, на разни начини е веќе непостоечка. Некои остареа, некои се пензионираа, некои заминаа во странство. Новата квота на кадар што се испорача апсолутно не беше компатибилна“, истакнува претседателот на Комората.
Интервјуто со Азески го направивме по повод 100-години од постоењето на Стопанската комора, чиј едновековен јубилеј ќе биде одбележан годинава.
Целиот разговор со Азески го објавуваме во среда.