Линкови за пристапност

Битола го живее времето на браќата Манаки - староградски дух на сокаците и светски филмови во салите


Жителите и гостите во градот можат во живо да видат како изгледал животот низ битолските сокаци во времето кога браќата Милтон и Јанаки Манаки со својата камера го овековечувале тогашното секојдневие

Битола деновиве го живее времето на браќата Манаки. Староградскиот дух на градот се разбуди со група млади лица кои облечени во автентична облека од почетоците на дваесеттиот век се движат низ препознатливиот Широк сокак ги поздравуваат минувачите.

Жителите и гостите во градот можат во живо да видат како изгледал животот низ битолските сокаци во времето кога браќата Милтон и Јанаки Манаки со својата камера го овековечувале тогашното секојдневие.


Оваа своевидна улична претстава се одвива во рамките на офф-програмата на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.

До сега гледачите во официјалната и во ревијалната програма на можеа да погледнат филмови од странска и од домашна продукција. Особено внимание предизвика филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума, со кој и беше отворен фестивалот.

Дина Дума, филмска режисерка
Дина Дума, филмска режисерка

Со својата тематика поврзана со декадентни појави кај младите генерации, филмот „Сестри“ поттика подолга дебата кај филмаџиите и кај медиумиските претставници што го следат фестивалот.

Во рамките на фестивалот работилници одржаа и годинашниот добитник на наградата „Златна камера 300“, Кристијан Бергер, како и композиторката на филмска музика Џослин Пук, на која ѝ беше доделена награда специјална Камера 300


Со особено внимание беше проследен и филмот „Северен пол“ на македонската режисерка Марија Апчевска, кој неодамна беше прикажан во конкурентската селекција на меѓународниот фестивал во Кан.

Во рамките на фестивалот работилници одржаа и годинашниот добитник на наградата „Златна камера 300“, Кристијан Бергер, како и композиторката на филмска музика Џослин Пук, на која ѝ беше доделена награда специјална Камера 300.

Во продолжение погледнете како изгледа Битола деновиве:

XS
SM
MD
LG