Линкови за пристапност

Барање за банкрот на американската Извидничка организација за момчиња


Неколку илјади мажи ги обвинија извидничките лидери за малтретирање и злоставување, а некои од постапките се и за случаи од шеесеттите, седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век

Американската извидничка организација за момчиња поднесе барање за банкрот. Со потегот се очекува да се отвори можност за компензација на лицата што како момчиња биле злоставени и малтретирани додека биле вклучени во програмите на организацијата.

Извидничката организација во последните години се соочи со серија судски постапки. Повеќе држави поднесоа измени во законите и им дозволија на тие што биле злоставени како деца, да покренат правни постапки подоцна во животот.

Неколку илјади мажи ги обвинија извидничките лидери за малтретирање, а некои од постапките се за случаи од шеесеттите, седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век.

Според Пол Монс, адвокат кој застапува повеќе поранешни извидници, преку Твитер опиша дека извидничката организација со децении прикривала случаи на сексуална злоупотреба на момчињата.

Не е јасно како договор може да биде постигнат меѓу организацијата и оштетените.

„Им се извинуваме на сите што биле повредени додека биле дел од извидниците. Лути сме што индивидуалци ги злоупотребиле нашите програми, за да повредат невини деца“, се вели во изјава од Роџер Мозби, шефот на американската извидничка организација.

XS
SM
MD
LG