Линкови за пристапност

Борис Џонсон се соочува со тешка битка во Парламентот по одлуката на Врховниот суд


Одлуката на Судот дека Џонсон нелегално ја советувал Кралицата да го распушти Парламентот е политички земјотрес што ги разниша столбовите на британската демократија

Британскиот премиер Борис Џонсон се бори политички да ја преживее одлуката на Врховниот суд на Британија дека неговата одлука да го суспендира Парламентот е противуставна.

Ваквата одлука од Врховниот суд значи дека парламентарците во Лондон се враќаат на работа денес, во време кога растат повиците за оставка на Џонсон. Британија и натаму е на пат кон Брегзит на 31-ви октомври, иако процесот и уште повеќе проблематичен.

Единаесет судии од Врховниот суд гласаа против одлуката која ја објаснија како „просудување што ги надминува границите на владина моќ“.

Одлуката на Судот дека Џонсон нелегално ја советувал Кралицата да го распушти Парламентот е политички земјотрес што ги разниша столбовите на британската демократија.

Џонсон кој е во Њујорк на Генералното собрание на ОН во Њујорк и имаше средба со претседателот Трамп, денеска патува назад за Лондон. Британскиот законодавци денеска ја продолжуваат работата во парламентот и со тоа политичката битка против него.

Опозиционите лидери го повикаа Џонсон да се повлече од функцијата. Гласањето за доверба во владата ќе значи и одржување нови избори во Британија, а Конзервативната партија на Џонсон е против таков чекор.

XS
SM
MD
LG