Линкови за пристапност

Ставена под прашање безбедноста на авионите „Боинг 737 макс 8“ по несреќата во Етиопија


После Кина, Индонезија и Етиопија, донесена забрана за летање со истиот модел на „Боинг“ и во Аргентина

Авионската несреќа во Етиопија во која загинаа 157 лица отвори прашања за безбедноста на авионите од моделот „Боинг 737 макс 8“, кој е еден од најпопуларните патнички воздухоплови во светот.

Авионот се урна во неделата, набргу после полетувањето од Адис Абеба, главниот град на Етиопија. Истиот модел на авион се урна и во октомври минатата година во близина на Индонезија, каде загинаа 189 лица.

После падот, Кина, Индонезија и Етиопија ги приземјија сите авиони од моделот со кој се случија последните две несреќи. На нив им се приклучи и Асоцијацијата на пилоти во Аргентина која им издаде наредба на своите членови да престанат да летаат со „Боинг 737 макс“.

„Саутвест ерлајнс“, „Ер Канада“ и „Јунајтед Ерлајнс“, се компании што во своите флоти имаат најголем број авиони од моделот „Боинг 737 макс 8“. Сепак, ниту една од нив до сега не најави планови за нивно приземјување.

Несреќата доведе и до пад на акциите на „Боинг“ за пет проценти.

XS
SM
MD
LG