Линкови за пристапност

Дел од бегалците сместени во хотелот „Белви“ кај Скопје, пристапот до нив строго ограничен


На скопскиот аеродром синоќа пристигнаа 149 граѓани на Авганистан, со лет од Тбилиси, Грузија. Станува збор за вработени или соработници на меѓународната организација „Отворено Владино Партнерство“

Под строго полициско обезбедување се бегалците од Авганистан што доцна синоќа пристигнаа во Скопје. Поголемиот дел од нив се сместени во хотелот Белви, на 12 километри од главниот град. Неофицијално втор дел од групата е сместен и во хотел во близина на централното градско подрачје.


На скопскиот аеродром синоќа пристигнаа 149 граѓани на Авганистан, со лет од Тбилиси, Грузија. Станува збор за вработени или соработници на меѓународната организација „Отворено Владино Партнерство“ (Open Government Partnership - OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, лица кои биле вработени или соработници на Transparency International, World Economic Forum и други меѓународни организации, заедно со нивните семејства, со нивните сопруги, сопрузи, мажи, жени и деца.

Бегалците ги пречека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со претставници од Црвениот крст и од невладини организации во земјава.

„Сите подготовки беа направени за денеска да бидат прифатени на најдостоинствен начин овие граѓани. Да се направат првите здравствени прегледи, да се даде соодветната здравствена заштита, да се обезбеди храна и вода за сите нив и да се сместат соодветно. За нивната логистика се грижат организациите каде што тие работеле во Авганистан Трошоците ги покриват тие. Ако има потреба, државата ќе помогне со логистика“, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи во изјава за медиумите на Скопскиот аеродром.


Османи додаде дека во наредните денови се очекува пристигнување и на останатите групи од првично одобрените 780 лица за кои македонската влада изрази подготвеност да ги прифати на привремен престој во земјава.

На дел од лицата им била пружена медицинска помош веднаш по пристигнувањето. Една жена во одмината бременост, пак, веднаш беше прифатена со амбулантно возило. Бегалците ќе бидат подложени на ковид-тестови, а ќе им биде понудена и вакцинација на тие што не поминале низ процесот на имунизација.

Според објаснувањата од владините преставници, бегалците од Авганистан ќе добијат визи за престој во Северна Македонија со времетраење до деведесет дена.

XS
SM
MD
LG