Линкови за пристапност

Сообраќаен концепт на иднината: Авто-индустријата забрзано развива самоуправувачки возила


Паметните, автономни возила се новиот концепт кој почнува наголемо да влегува во технолошките планови на авто-производителите. Овие идеи беа презентирани и на авто-шоуто во Вашингтон

Повикувате такси и пред вашиот дом се паркира автомобил што разговара со вас и во кој нема возач. Колку и да изгледа како сцена од некоја далечна иднина, за овој концепт веќе наголемо се работи.

„Сериозно се посветуваме на развојот на целосно автономни возила. Имаме два модела. Едниот се вика „шофер“ во кој патниците во основа само седат во возилото, а тоа самото управува“, вели Фред Турати, менаџер во „Тојота“ – Северна Америка.

Самоуправувачки автомобили - кога да ги очекуваме на улиците?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00


Концептот на автономни возила е дел од фокусот на годинешното авто-шоу во Вашингтон, каде се претставуваат сите поголеми светски играчи во авто-индустријата.

Сериозно се посветуваме на развојот на целосно автономни возила. Имаме два модела. Едниот се вика „шофер“ во кој патниците во основа само седат во возилото, а тоа самото управува
Фред Турати, Менаџер во Тојота- Северна Америка


Тојота е една од тие компании, од каде велат дека планот им е до 2025 година на пазарот се појават целосно со возила на електричен погон, а во исто време развиваат и модели што можат самите да управуваат.

„Вториот модел е „Гардијан“. Возилото е опремено со напредна технологија што може да му помогне на возачот ако направи грешка или брзо да го извлече од можна сообраќајка. Технологијата ја развиваме внимателно, сè додека не сме сигурни дека е безбедна за возачите и за околината“, додава Турати.

Идејата на производителите е автономните возила во иднина да личат исто како регуларните возила, без дополнителна надворешна опрема.


„Првиот чекор е во почетната фаза на автомобилот. Во самата конструкција се вметнуваат потребните радарски модули. Има серија од сензори што не се типични за сегашните автомобили, а кои треба да бидат поставени на време“, објасни Ерик Мејхофер од „Убер - Напредни технологии“.

Како да научите компјутер да распознава што има во просторијава. Како да препознае дека вие сте човек, дека тоа таму е автомобил. Тоа се податоците што треба да ги научи - колекција од слики видени преку сензор, камера, радар, ултрасоничен уред или преку ласер
Ерик Мејхофер, Убер - Напредни технологии


Сепак, за се остави безбедноста на патниците во процесорот на едно само-управувачко возило, неопходен е развој на софтвер што ќе му помогне самото тоа да учи од околината. Предизвикот е во обработката на визуелните податоци.

„Како да научите компјутер да распознава што има во просторијава. Како да препознае дека вие сте човек, дека тоа таму е автомобил. Тоа се податоците што треба да ги научи - колекција од слики видени преку сензор, камера, радар, ултрасоничен уред или преку ласер“, додава Мејхофер

Од компанијата „Убер – Напредни технологии“ се внимателни со одговорот кога би стартувале со услуга за превоз на патници со само-управувачки автомобили.

Мејхофер: Одговорот на прашањето „кога“ е порано отколку што јавноста очекува, но сепак ќе треба да се почека.

Гласот на Америка: За година, две, три?

Мејхофер: Во таа временска рамка, да, ќе имаме мали пилот услуги.


Но, за реализација на футуристичките идеи за возила што самите ве земаат од дома, потребна е и соодветна брза комуникациска мрежа што ќе им овозможи на автомобилите да не се изгубат некаде по пат или да не се забијат во некој столб.

Дали тоа ќе биде 5Г мрежата, или некоја друга, во САД ќе одлучат надлежните институции.

„Ќе следиме како се одвива партнерството меѓу автомобилските производители, одделот за транспорт, а потоа и нашиот оддел за да бидеме сигурни дека ќе има соодветна мрежа“, објасни Мајкл О’Рајли од американската Федерална комисија за комуникации.

XS
SM
MD
LG