Линкови за пристапност

Кристијан Бергер, кинематографер: Филмаџиите од Балканот создаваат интензивни приказни


Бергер во светот на филмот е познат како револуционерен иноватор, а работел со режисери и актери како Михаел Ханеке, Анџелина Џоли, Бред Пит. Со него имавме шанса да разговараме на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола

Во Битола, покрај Широк сокак, есенва разговаравме со светскиот кинематографер Кристијан Бергер. Тој е авторот што со иновативната техника на рефлексии, направи револуција во снимањето филмови. Придонесот во филмската уметност му ја донесе и наградата „Златна камера 300“ на годинешниот фестивал „Браќа Манаки“.

Кристијан Бергер, кинематографер: Филмаџиите од Балканот создаваат интензивни приказни
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:52 0:00

„’Браќа Манаки’ е посебно место, особено поради тоа што фестивалот е посветен на кинематограферите, односно кон моќта на сликите. Во Битола ги сретнувам луѓето од мојата бранша. Ова го нема секаде во светот“, вели Бергер.

„Како дојдов до тоа? ... Поради фрустрација. Едноставно, фрустрација. Во деведесеттите години бев до точка да се откажам од професијата. Никогаш не бев задоволен од резултатот, иако сè беше одлично сработено.


Техниката на осветлување во филмските сцени преку рефлексии, ја почна во 2000 година. Пресудно било работењето на филмот „Пијанистка“ на режисерот Михаел Ханеке.

„Како дојдов до тоа? ... Поради фрустрација. Едноставно, фрустрација. Во деведесеттите години бев до точка да се откажам од професијата. Никогаш не бев задоволен од резултатот, иако сè беше одлично сработено. Ја немаше поентата. Ми недостасуваше убавината на природната светлина“.

Вели дека со новата техника им се дава слобода на актерите, без да се оптоваруваат со рефлектори и масовна техника.

„Треба да стојат пред камера и да кажат ‘те сакам’, а пред себе гледаат светла, електричари, стативи. Тоа не е пријатно. На секој актер му е потребен простор за имагинација“, укажа кинематограферот и додаде: „Aктерите, режисерот, па и јас самиот, не треба да се тероризираат со техничките услови“.

Неодминливо беше да поразговараме и за македонската филмска продукција. Особено пофални зборови имаше за филмот „Медена земја“.

„Ми се допадна филмот. Тоа беше одличен момент за Македонија. Донесе неочекуван и врвен резултат. Авторите направија многу добри работи, беа слободни и сценариото го создадоа од самите настани на среќа, тага, успех“.

Christian Berger Cinematographer
Christian Berger Cinematographer

Верува дека балканското филмско поднебје, раѓа големи автори, што имаат страст да раскажат многу низ јазикот на уметноста.

„Кај нив постои поразлична страст во барањето на приказните, отколку во западниот свет. Авторите од Балканот секогаш имаат потреба да кажат нешто повеќе и тоа го прават со различен интензитет“.

Возраста од 76 години не го спречува Кристијан Бергер да продолжи со работа. Наскоро се зафаќа со нов проект, чие завршување нетрпеливо ќе се очекува.

XS
SM
MD
LG