Имиџ на ракетата што го однесе екипажот на Аполо 11 на месечината беше проектиран синоќа на Споменикот на Вашингтон за да ја комеморира 50-тата годишнина од лансирањето.
Посетителите на Националното шеталиште ја гледаа проекцијата на видеото во кое моќната ракета Сатурн Пет речиси ја пополни целата должина н 169-метри високиот обелиск.
Триделната ракета полета од Вселенската станица Кенеди во Флорида, на 16 јули 1969, со астронаутите Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс на нивното историско патување.
Четири дена подоцна, Армстронг стана првиот човек кој се прошета на лунарната површина, по кого уследи Олдрин. Колинс остана во орбитата на мајката-вселенски брод Колумбија, да го чека нивното враќање.
Проекцијата на Националното шеталиште е еден од многуте настани низ светот со кои се комеморира годишнината.