Линкови за пристапност

Парализа и недоверба во медиумите на Западен Балкан


Директорката на Гласот на Америка Аманда Бенет, вели дека без слободни медиуми, овој регион не може да очекува премногу за влез во ЕУ

Без независни и транспарентни медиуми, како што велат истражувачите, земјите од Западен Балкан не може да очекуваат премногу околу нивните аспирации за членство во Европската унија, вели Аманда Бенет, директорка на Гласот на Америка, при обраќање на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

„Во медиумите сум 40 години. Сум работела во американски, интернационални, регионални и локални публикации, а сега сум и во Гласот на Америка. Она за што најмногу сум загрижена се лажните вести. Многу е сериозно и важно“, вели Бенет.

Таа нагласува дека е загрижувачки она што се случува со медиумите во балканските земји.

„Гласот на Америка има долга историја на Балканот. Почнавме со отворањето на Радакцијата на Албанија, уште во 1943-та година, но, исто така и во Македонија од 1999-та година. Ја имав таа среќа пред неколку месеци првпат да го посетам тој регион. За жал, никој пред мене во изминатите 70 години не го направил тоа. Бев во Србија, Босна, Албанија, Црна Гора и во Косово. Бев присутна на новинарски конференции, телевизиски станици, амбасади и на многу други места, но, на секаде, без исклучок, ја слушнав истата работа - нефункционалност, парализа и недоверба во медиумите“, истакна Бенет.

Според неа, тамошниот народ нема пристап до точни информации за се` што ги опкружува, ниту пак, има начин како да дојде до лојални информации.

„После моите состаноци со високи претставници на тамошните Влади, разбрав дека медиумите се соочуваат со серизни проблеми. Но, ова не го согледав само јас, туку и организациите „Хjуман рајтс вoч“ и „Репортери без граници“, вели Бенет.

Таа додаде дека вистината е најважна, и оти треба да се брани со факти, знаење и слободно новинарство, со цел да се пренесе на луѓето ширум светот.

Бенет истакна дека кредибилноста на Глас на Америка е голема во сите земји, но, вели дека „кога имаме лажни вести и непрофесионализам, тоа е невистина опасна ситуација. Затоа, најважна работа е слободното новинарство“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG