Земјотрес ја погоди Алјаска утринава по локално време. Како што јави Асошиејтед прес, земјотресот бил со јачина од 6,6 степени, а епицентарот бил на 12 километри од Анкориџ, најголемиот град на Алјаска.
Кратко после потресот е објавено и предупредување за цунами на јужното крајбрежје.
На социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии од оштетени објекти, паднати дрвја и скршени излози во продавници.
Засега нема информации за повредени лица.