Најмалку 437 лица ги загубиле животите во циклонот Идаи што минатата недела ги погоди африканските земји Мозамбик, Зимбабве и Малави. Според хуманитарни организации, сè уште има луѓе што се заглавени на покривите од нивните поплавени домови.
Од Црвениот крст известија дека е на пат помош од лекови и санитетски материјали за повеќе од 20.000 лица. Најавена е и секојдневна достава на 225.000 литри чиста вода, што е доволна за помош на околу 15.000 лица кои беа погодени од поплавите.
Според досегашните податоци од Обединетите нации, најмногу загинати има во Мозамбик, 242. Во Зимбабве животот го загубиле 139 лица, а во Малави загинале 56 луѓе.
Циклонот Идаи е еден од најголемите што во последните неколку декади ги погодиле јужните делови на африканскиот континент.