Познатиот плоштад Сан Марко остана затворен и вчера поради големите поплави што ја зафатија Венеција. Нивото на водата во неделата изнесуваше 1,5 метри, после рекордните 1,8 метри измерени во вторникот.
Поплавата е најголема во изминатите педесет години, а според локалните власти, солената вода од Јадранот веќе нанела штета повеќе од милијарда долари.
Венеција, која е позната по своите канали со вода, често се соочува со поплави во зимските месеци. Годинава со поплави во регионот се соочија и Фиренца и Пиза.
Градоначалникот Луиџи Бруњаро истакна дека поплавите се резултат од климатските промени. Локалните власти повикаа што поскоро да бидат изградени брани за заштита од поплавите.