Линкови за пристапност

Во земјотрес во северозападна Кина загинаа најмалку 127 луѓе и е еден од најсмртоносните во последните 9 години


Кинеските медиуми јавуваат дека најмалку 127 лица загинале во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала во северозападниот дел на земјата.

Официјалниот „Пиплс дејли“ вели дека 113 загинале во провинцијата Гансу и уште 14 во соседната провинција Чингхаи.

Земјотресот се случи во понеделникот непосредно пред полноќ. Повеќе од 700 луѓе се повредени.

Вработените во итната помош трагаат по исчезнатите во урнатите згради и најмалку еден одрон.

Луѓето кои ги загубија своите домови се подготвуваат да ја поминат студената зимска ноќ во шатори на набрзина подигнатите места за евакуација.

Властите за вонредни состојби во Гансу упатија апел за дополнителни 300 работници за операции за пребарување и спасување, а властите во Чингхаи пријавија 20 лица исчезнати во одрон.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG