Линкови за пристапност

Во Скопје протест за поддршка на Палестина


„Спасете ја Палестина“, „Спасете ја Газа“, „Израел е терорист“ – ова беа дел од натписите и повиците на протестот што денеска, во знак на поддршка на Палестина, се одржа во скопската Стара чаршија.

На настанот, поддржан од неколку организации во т.н „Платформа за поддршка на Палестина“ беа пратени пораки на солидарност со Палестинците и беа осудени акциите на израелските одбранбени сили врз Газа.. „Тоа се неприфатливи постапки со кои се трагетираат цивили“, порачаа говорниците на настанот.

„Ние како поединци со хумана свест не можеме да останеме неми на ова злостортсво. Овие варварски напади кои донесоа 3 500 жртви меѓу Палестинците, најмногу деца, треба да претсаната. За жал, меѓународната заедница на чело со ОН, останува индиферентна на случувањата и не прави ништо да го прекине насилството кое го таргетира цивилното население. Во оваа прилика, апелираме, веднаш да се преџемат чекори за прекин на овие напади кои го газат човечкото достоинство“, изјави Хусрев Емин, од Платформата за поддршка на Палестина.

Во изјавата никаде не беше спомената Хамас и нејзините напади кои го предизвикаа остриот одговор на Израел врз Газа.

Денешниот протест беше прв од ваков вид во земјава по стартот на насилствата на Блискиот исток пред две седмици. Ескалацијата на ситуацијата резултираше со зајакнување на безбедносните мерки низ целиот свет. Домашните безбедносно-разузнавачки служби внимателно ја следат ситуацијата, уверуваат надлежните министри.

„Координацијата на безбедносно-разузнавачките служби и информациите што се разменуваат покажуваат дека сега закана нема, независно дали се работи за припадници на една заедница или кон некакви објекти, но тоа не значи дека институциите остануваат само на таа информација. Ќе ги следиме случувањата и доколку е потребно, и се укаже некакво вид безбедносна закана, не само Евреите туку секој еден граѓанин на нашата држава ќе биде соодветно заштитен“, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Во страв од можни терористички напади по случувањата во Газа, во рамките на Европската Унија, дел од земјите-членки ги зајакнаа безбедносите мерки, привремено го суспендираа Шенген-режимот на слободно движење и воведоа контроли на државните граници.

XS
SM
MD
LG