Линкови за пристапност

Во САД се зголемија антивладините екстремистички групи, открива Правниот центар за сиромаштија


Организацијата изброја 702 антивладини групи во 2022 година, што е за 44% повеќе во споредба со 488 во 2021 година, и ова е најмногу досега од 2015 година.
Организацијата изброја 702 антивладини групи во 2022 година, што е за 44% повеќе во споредба со 488 во 2021 година, и ова е најмногу досега од 2015 година.

Бројот на антивладини екстремистички организации во САД се зголеми минатата година, иако некои паравоени организации се распаднаа и групите на омраза се намалија, се вели во новиот извештај објавен во вторникот од страна на Правниот центар за сиромаштијата на југот.

Организацијата изброја 702 антивладини групи во 2022 година, што е за 44% повеќе во споредба со 488 во 2021 година, и ова е најмногу досега од 2015 година.

Зголемувањето беше главно поттикнато од назначувањето на конзервативната група за права на родители „Мајки за слобода“ од страна на Центарот и 11 други „групи против студентско вклучување“, вели Тревис МекАдам, виш истражувачки аналитичар во Проектот за разузнавање на Правниот центар за сиромаштијата на југот. Тој вели дека овие групи користат екстремистички тактики за да се спротивстават на различноста и вклученоста во училиштата.

„Нивниот број на поглавја брзо се зголеми бидејќи ги таргетираа локалните училишта со кампањи на злоба и дезинформации што ја деградираат ЛГБТИ заедницата и се обидуваат да го избришат учењето за точна историја“, рече МекАдам.

Тој додаде дека Правниот центар за сиромаштијата на југот, исто така, навел голем број нови групи „суверени граѓани“ во својот список на антивладини екстремистички организации. Суверените граѓани се сметаат себеси за изземени од американските закони.

„Растот во овие два сектора на антивладиното движење го неутрализираше намалувањето на паравоените организации“, рече тој.

На нивната веб-страница, „Мајки на слободата“ велат дека нивната организација е „посветена на нивната борба за опстанок на Америка преку обединување, образование и зголемувањето на влијанието на родителите во бранење на нивните родителски права на сите нивоа на влада“.

За прашани за дезигнацијата на оваа организација, ко-основачите на Мајки за слобода, Тифани Џастис и Тина Дескович во изјава испратена до Гласот на Америка велат дека „самата дезигнација сако покажува за што е оваа борба: Кои во суштина одлучува како нашите деца ќе бидат воспитувани на училиште – дали од родителите или од владини службеници? Ние верувам дека родителските права не престануваат на прагот на училиницата, и никакво омраза од групи како оваа нема тоа да го запре.“

Зголемувањето на бројот на антивладини групи дојде дури и кога паравоените организации - „паравоеното крило на антивладиното движење“ како што ги нарекува Правниот центар за сиромаштијата на југот - се намалија по нападот на Капитол 6 јануари 2021 година. Центарот идентификуваше 61 активна паравоена група во 2022 година, што е намалување за 92 во споредба со 2021 година.

Една од најистакнатите антивладини паравоени организации, „Чуварите на заклетвата“, изгуби многу од своите локални поглавја откако нејзините водачи беа уапсени во врска со нападот на Капитол.

Минатиот месец, основачот на групата, Стјуарт Роудс, и поранешниот главен поручник добија 18, односно 12 години затворска казна во врска со нивната улога при нападот. Неколку други „Чувари на заклетвата“, исто така, добија високи затворски казни.

Според Правниот центар за сиромаштија на југот, бројот на членови на „Чувари на заклетвата“ од 70 во 2020 година, во 2022 година паднал на пет.

Рејчел Керол Ривас, заменик-директор за истражување, известување и анализа во Проектот за разузнавање на Правниот центар за сиромаштијата на југот, забележа дека антивладините групи, кои ја сметаат федералната влада како тиранска и нелегитимна, имаат тенденција да растат под демократските администрации додека се собираат против нивните политики.

„Ова е тренд што го видовме во времето кога Барак Обама беше претседател, а тоа е од 2009 до 2017 година.

Бројот на тврдодесничарските антивладини групи достигна рекордни 1.360 во времето на Обама, а во времето на Доналд Трамп, се намали.

Брајан Левин, извршен директор на Центарот за проучување на омраза и екстремизам на Државниот универзитет во Калифорнија, Сан Бернардино, рече дека највознемирувачкиот наод во извештајот на Правниот центар за сиромаштијата на југот е „континуираната енергичност на антивладините групи“.

„Во силно наполнета и политички поделена атмосфера, антивладиниот витриол и заговорите се полесна почетна „порта“ за продажба отколку поеклатантната ксенофобична и расистичка пропаганда на соседните екстремисти“, рече Левин.

Бројот на групи кои шират омраза, кои напаѓаат одредена категорија на луѓе, како што се мигрантите и ЛГБТИ луѓето, од 733 во 2021 година, минатата година се намали на 523. Бројот значително се намали откако го достигна врвот и надмина 1.000 во 2018 година.

Но, претставниците на организацијата велат дека ова не значи дека има намалување на омразата и екстремизмот.

Границата помеѓу десничарскиот екстремизам и мејнстрим политиката станува сè понејасна, велат тие, бидејќи групите на омраза станаа мејнстрим во промената на стратегијата по 6 јануари.

„Сега се гледа како се организира на локално ниво за да се следи агендата на омразата пред очите на јавноста, вклучително и таргетирање на безбедни засолништа во заедницата како училишта и домови“, рече Маргарет Хуанг, претседател и извршен директор на Правниот центар за сиромаштијата на југот.

Организацијата својот годишен извештај за омраза го објавува уште од 1990 година.

Во последниве години, некои конзервативни групи ја критикуваа организацијата, велејќи дека неправедно ги означува како екстремистички групи.

Хуанг го бранеше ригорозната истражувачка методологија на организацијата и вели дека внимателно и врз основа на докази за дејствување следат кои групи или организации се означуваат како екстремистички групи.

XS
SM
MD
LG