Линкови за пристапност

Во САД се одбележува Денот на трудот


Членови на писателите на Америка на протест пред Парамаунт, 3 мај 2023 година, во Лос Анџелес.
Членови на писателите на Америка на протест пред Парамаунт, 3 мај 2023 година, во Лос Анџелес.

Бајден во чест на синдикалците ќе оди на парада во Филаделфија

ВАШИНГТОН – Претседателот Џо Бајден, кој често вели дека е најпросиндикалниот претседател во историјата, денеска ќе се упати во Филаделфија на годишната парада за Денот на трудот.

Демократскиот претседател се очекува да зборува за важноста на синдикатите во САД и за тоа како економијата се опоравува по пандемијата.

Денот на трудот е празник во чест на работниците. Во овој период низ САД се отворени работни места. Бајден, кој бара реизбор, често ги истакнува податоците во однос на работни места.

„Додека се ближиме кон Денот на трудот, треба да погледнеме чекор назад и да го забележиме фактот дека Америка сега е во еден од најсилните периоди за создавање работни места во нашата историја“, рече Бајден во петокот од Роуз Гарден, каде што зборуваше по веста дека американските работодавци додадоа 187 000 работни места во август, и покрај повиската стапка за невработенист, но со ова сепак се отвора пазарот на трудот и покрај високите каматни стапки што ги наметнаа Федералните резерви.

Според извештајот на одделот за труд на САД од петокот, стапката на невработеност се зголемила од 3,5% на 3,8%, што е највисоко ниво од февруари 2022 година, иако сè уште е ниско ниво. Но, стапката се зголеми од охрабрувачка причина: 736 000 луѓе почнаа акитивно да бараат работа минатиот месец, најмногу од јануари, и не сите од нив најдоа работа веднаш. Како невработени се вбројуваат само лицата кои активно бараат работа.

„Луѓето излегуваат од маргините, се враќаат на своите работни места“, рече Бајден.

Бајден користеше извршни активности за да го промовира организирањето на работниците, лично ги поздрави напорите за синдикализација на корпоративните гиганти како Амазон и одобри федерално финансирање за да им помогне на одредена група на членови на синдикатот. Само минатата недела, администрацијата на Бајден предложи ново правило со кое 3,6 милиони американски работници ќе имаат право на плата за прекувремена работа, што е најдарежливо такво зголемување во последните децении.

„Синдикатите ги зголемуваат стандардите во работната сила и индустриите, зголемувајќи ги платите и зајакнувајќи ги бенефициите за сите“, рече Бајден во петокот. „Многу пати ме слушнавте како реков: Волстрит не ја изгради Америка. Средната класа ја изгради Америка, а синдикатите ја изградија средната класа“.

Домаќин на 36 годишна Парада на Денот на трудот е Советот на Американската федерација на трудот и Конгресот на индустриски организации (AFL-CIO) при Филаделфија. Според веб-страницата на Филаделфија AFL-CIO, опфаќаат повеќе од 100 локални работнички синдикати кои претставуваат повеќе од 150 000 работници.

XS
SM
MD
LG