Линкови за пристапност

Во САД се очекува рекорден број патници поради празникот 4 јули


Патници низ Меѓународниот аеродром во Филаделфија, 3 јули 2024 година.
Патници низ Меѓународниот аеродром во Филаделфија, 3 јули 2024 година.

За време на долгиот празничен викенд за 4 јули во САД се очекува да се создадат нови рекорди за патувања.

Управата за транспортна безбедност предвидува дека нејзините службеници в недела ќе прегледаат повеќе од 3 милиони патници на аеродромите во САД. Тоа ќе го собори рекордот од нешто помалку од 3 милиони поставен на 23 јуни. Американ ерлајнс соопшти дека неделата се очекува да биде најпрометниот ден во текот на целото лето; планира повеќе од 6 500 летови.

Авто клубот „ААА“ предвидува дека патувањата за одмор ќе бидат за 5% повисоки во споредба со минатото лето. Повеќето од 70,9 милиони луѓе што авто клубот очекува да патуваат најмалку 80 километри во текот на деветдневниот дел што започна на 27 јуни, велат од авто клубот од каде додаваат дека сообраќајот ќе биде најлош меѓу 14 и 19 часот во повеќето денови.

Според „FlightAware“, патниците на околу 3 000 летови вчера поминувале дел од своето слободно време чекајќи по аеродромите поради доцнење на летовите.

XS
SM
MD
LG