Линкови за пристапност

Во патрола со американската крајбрежна стража: Контрола над водите меѓу Куба и САД


Гласот на Америка доби ексклузивен пристап да лета со екипажот на овој авион за патролирање
Гласот на Америка доби ексклузивен пристап да лета со екипажот на овој авион за патролирање

Меѓу најјужниот дел на САД и Куба се наоѓа водена површина наречена протоците на Флорида. Крајбрежната стража секојдневно патролира во овие води, и бара мигранти кои нелегално се обидуваат да влезат во САД. Каролин Пресути беше на еден таков лет.

Дојдете со нас --- полетуваме од меѓународниот аеродром Ки Вест. Не се лета на некоја дестинација, туку се спречуваат други да стигнат до нивната дестинација.

Американската крајбрежна стража ги патролира водите меѓу Ки Вест и Куба. Бараат мигранти во небезбедни пловила кои се обидуваат нелегално да влезат во САД.

Гласот на Америка доби ексклузивен пристап да лета со екипажот на овој авион за патролирање.

Разбирам дека се обидуваат да стигнат до САД, но мораме да се погрижиме да бидат безбедни
Полковник Е.Ј. Канингем, Американска крајбрежна стража

Во најтесната точка, протоците на Флорида се широки 150 километри и длабоки 1 800 метри.

„Имаме чувство дека се наоѓаат во мали пловила, тука, во опасни води. Разбирам дека се обидуваат да стигнат до САД, но мораме да се погрижиме да бидат безбедни“, објаснува полковник Е.Ј. Канингем од Американската крајбрежна стража.

Бараа уникатен профил – нешто поразлично од риболов или семејно крстарење – нешто што изгледа како кајче.

„Имаше случај со едно пловило кое беше направено од споени еден куп дрвени штици, и неколку буриња“, објаснува Канингем.

Крајбрежната стража заплени уште еден рачно изработен чамец веднаш надвор од територијалните води на Куба.

„Добивме радарски контакт, па отидовме да видиме за што станува збор –тоа беше чамец на надувување на кој имаше две лица, на задниот дел имаше момче држеше косилка за трева која беше користина како мотор“, Блејн Вилис од Американската крајбрежна стража.

Имигрантите од Куба често преминуваат со мали и небезбедни пловила
Имигрантите од Куба често преминуваат со мали и небезбедни пловила

Техничарите како Вилис го гледаат леталото на нивниот специјализиран радар - што не можеме да ви го прикажеме поради безбедносни грижи.
Екипажот откри нешто чудно. Со авионот се движи за да погледне одблиску што се случува. Понекогаш патниците сами се предаваат.

„Некогаш се обидуваат само да не' одбегнат. Се обидуваат да се сокријат, се обидуваат да се покријат со церада. Во други случаи, не се кријат, и покажуваат кон нас“, објаснува Роберт Депе од тимот.

Овој брод кој беше предмет на проверка не претставува загриженост. Во спротивно, пилотот преку радио врска ќе воспостави контакт со службите кои се во вода.

Потполковникот Семјуел Краковер е командант на Рејмонд Еванс, еден од осумте бродови кои запленија чамци и мигранти во протоците на Флорида. Авионот го насочува бродот до точната локација каде се упатуваат.
Една ноќ тука беа сместени повеќе од сто Кубанци кои останаа на бродот неколку дена за обработка на податоци. Повеќето беа вратени назад во Куба.

„Многу напорна ноќ, но дефинитивно, некои од тие пловила тонеа и тоа беше спасување“, вели полковникоѕ Краковер.

Краковер, исто така, проверува дали има бродови од Хаити.
Минатата фискална година, 1 800 луѓе од Хаити и повеќе од 6 600 Кубанци беа вратени во нивните земји.

На морињата и во воздухот --- се проверува што се случува --- баланс во безбедноста на граничните закони.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG