Линкови за пристапност

Во напад на полициска станица во Пакистан загинаа 10 полицајци


Нападот се случи во северозападниот округ Дера Исмаил Кан погоден од милитантите.
Нападот се случи во северозападниот округ Дера Исмаил Кан погоден од милитантите.

Властите во северозападен Пакистан соопштија дека во рација на милитантите пред зори загинале најмалку 10 полицајци, а повредени се уште шестмина пред националните избори подоцна оваа недела.

Нападот се случи во округот Дера Исмаил Кан, каде што официјалните лица известија дека група силно вооружени напаѓачи упаднале во полициска станица, користејќи снајперски пиштоли и гранати и прскајќи ги безбедносните сили со куршуми пред да побегнат.

Обласната полиција соопшти дека во моментов е во тек „голема операција за пребарување“ со помош на пакистански војници за да се фатат напаѓачите. Сите патишта кои водат во и надвор од областа се блокирани.

Никој веднаш не ја презеде одговорноста за масакрот, но сомнежите паднаа на Техрик-и-Талибан Пакистан, забранета група која рутински организира напади врз безбедносните сили во областа лоцирана во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која се граничи со Авганистан.

Во декември минатата година, милитантите, вклучително и бомбашите самоубијци, нападнаа воена база во Дера Исмаил Кан, убивајќи 23 војници и ранувајќи многу повеќе во еден од најсмртоносните напади врз војската во поновата историја на Пакистан.

За тој напад презеде одговорност од новопојавената милитантна група позната како Техрик-е-Џихад Пакистан, наводно огранок на Техрик-и-Талибан Пакистан.

И двете групи оперираат од авганистанска територија „веројатно со поддршка од Ал Каеда“, според извештајот на Обединетите нации објавен минатата недела.

Зголемувањето на насилството на милитантите поттикна загриженост за безбедноста на гласачите и организаторите на парламентарните избори што Пакистан треба да ги одржат в четврток. Неколку политички работници, вклучително и кандидати за избори, беа убиени во вооружени напади и милитантни бомбашки напади пред гласањето.

Минатата недела, сепаратистичките бунтовници извршија координирани напади врз постројките на безбедносните сили во југозападната провинција Балучистан, која граничи со Авганистан.

Во рацијата во градот Мач загинаа четворица безбедносни сили и двајца цивили. Пакистанската војска соопшти дека нејзините тридневни одмазднички операции и мисии за пребарување убиле 24 напаѓачи.

Одговорноста за нападите ја презеде забранетата Ослободителна војска на Балучи. Групата ја потврди смртта на нејзините 13 борци и тврди дека тие им нанеле големи загуби на безбедносните сили.

Техрик-и-Талибан Пакистан и Ослободителната војска на Балучи се наведени од страна на САД како глобални терористички организации.

XS
SM
MD
LG