Линкови за пристапност

Во Мјанмар ослободени 3.000 затвореници


БАНГКОК (АП) - Воената влада на Мјанмар одобри амнестија на повеќе од 3.000 затвореници за да го одбележат традиционалниот лунарен новогодишен празник, но не е јасно дали меѓу ослободените има некој од илјадниците политички затвореници.

Државната телевизија објави дека Советот на државната управа, владејачкото тело создадено од војската, помилува 3.113 затвореници, вклучително и 98 странци кои ќе бидат депортирани.

Масовното ослободување на затворениците е вообичаено на големите празници.

Околу 17.460 политички затвореници, вклучително и поранешната цивилна лидерка на Мјанмар, Ан Сан Су Чи, се верува дека се во притвор.

Мјанмар е под воена управа од 2021 година, кога нејзината армија ја собори избраната влада на Су Чи.

Преземањето беше дочекано со огромен ненасилен отпор, кој оттогаш стана широко распространета вооружена борба.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG