Линкови за пристапност

Во американско-британски напади загинаа 16 лица во Јемен


Тензии на Блискиот Исток.
Тензии на Блискиот Исток.

Телевизијата Ал Масира на Хутите во петокот јави дека 16 лица се убиени, а 35 се ранети во американските и британските напади врз јеменската провинција Ходеида.

Извештајот објави дека нападите биле насочени кон зграда на радио во областа Ал-Хок во Ходеида и пристаништето Салиф.

Војските на САД и Велика Британија соопштија дека во четвртокот извршиле напади врз цели на Хутите во Јемен, како дел од напорите да ја одвратат милитантната група од напади на бродови во Црвеното Море.

Централната команда на САД во соопштение соопшти дека американските и британските сили погодиле 13 цели во областите во Јемен кои се под контрола на Хутите.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека заедничката операција била насочена кон три локации во пристанишниот град Ходеида на Црвеното Море.

„Како и секогаш, беше посветено максимално внимание при планирањето на нападите за да се минимизира секој ризик за цивилите или невоените инфраструктури“, се вели во соопштението на британското Министерство за одбрана.

„Спроведувањето на нападите во текот на ноќта, исто така, требаше уште повеќе да ги ублажи таквите ризици“, се додава во соопштението.

Хутите, кои го контролираат главниот град на Јемен и најнаселените области, од ноември ги напаѓаат меѓународните бродови во Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во војната меѓу Израел и милитантите на Хамас, привлекувајќи ги американските и британските одмазднички напади од февруари.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG