Линкови за пристапност

Во јуни отворени нови 206.000 работни места во САД


Фабрика на Форд во САД
Фабрика на Форд во САД

ВАШИНГТОН (АП) - Американските работодавци испорачаа уште еден здрав месец на вработување во јуни, додавајќи 206.000 нови работни места и уште еднаш прикажувајќи ја американската способноста на економијата да ги издржи високите каматни стапки.

Но, сепак, денешниот извештај од Одделот за труд содржеше и неколку знаци за забавување на пазарот на труд. Стапката на невработеност се зголеми од 4% на 4,1%, сè уште ниска бројка, но највисока стапка од ноември 2021 година. Стапката се зголеми во голем дел затоа што 277.000 луѓе почнале да бараат работа во јуни, а не сите од нив нашле работа веднаш.

Федерални резерви на САД
Федерални резерви на САД

Американската влада, исто така, остро ја ревидираше својата проценка за растот на работните места за април и мај за вкупно 111.000 со информација дека просечната плата по час пораснала за само 0,3% во однос на мај и 3,9% од јуни 2023 година. Бројката од година во година е најмал таков пораст од јуни 2021 година и најверојатно ќе биде поздравена од Федералните резерви (ФЕД) во нејзиниот обид за целосно надминување на инфлацијата. Повеќето економисти мислат дека ФЕД ќе започне со намалување на референтната стапка во септември, а денешните детали во извештајот за работни места не помогнаа ништо да се спротивстават на тоа очекување.

Само два сектора - владата и категоријата што ги вклучува здравствената заштита и социјалната помош, од кои ниту еден не ја опфаќа основната сила на економијата - сочинуваа приближно три четвртини од растот на работните места во јуни. Економистите, исто така, забележаа дека растот на работните места од април до јуни во просек изнесувал 177.000, пристојна бројка, но сепак најнизок тримесечен просек од јануари 2021 година.

Други економисти, иако се согласуваат дека пазарот на труд забавува, сугерираат дека тој сепак останува отпорен.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG