Линкови за пристапност

Војни, протести, сиромаштија, но и лични радости и предизвици: Граѓаните со свои спомени за 2023 година


Подеми, падови, радости, предизвици се дел од бројните искуства што македонските граѓани ги имале во текот на 2023 година. Заедничко за сите е што посакуваат успех, здравје, спокој за себе, за своите блиски и за општеството.

Секој годината која изминува, ќе ја памети по нешто што му се случило на личен план, но со свои желби и очекувања влегува и во новата 2024-та година. Ги прашавме граѓаните како гледаат на 2023-та.

Во продолжение одговорите од македонските граѓани кои ги сретнавме низ Охрид:

Какви спомени остави 2023 година кај македонските граѓани?
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:11 0:00

„Внуката ми тргна во прво одделение и другата веќе е голема. Сите здрави, живи и среќни“.

„2023- та година на личен план не беше многу лоша. Реализирав доста проекти, како на личен, домашен, така и на професиоанелн план.Мојот ангажман на Факултетот за туризам и угостителство како професор, тековите проекти кои ги работиме со неколку факултети од странство, Ирска, Франција, Германија“.

„По што ќе ја паметам, по многуте војни. Војната во Украина, војната на Израел со Палестина во Газа. По лоши работи ќе ја паметам. На личен план ви се случија ли убави работи? Беше убаво времето, одев на плажа. Преубав беше споменот'.

Имаше многу осцилации горе-доле, но ќе ги паметам само добрите работи. На пример го запознав господинот. Тоа е убава работа

„По негативни работи. Јас сум пензионер, знаеме што се направи со штрајковите на пензионерите. Се надолу оди работата, не оди никако нагоре. Минимални плати, пензии слаби, а шест души дома сме“.

„По успешна година во фудбал ќе ја паметам 2023. Играм фудбал во Караорман во Струга. Убаво ја поминавме годината“.

„Бериќетна година беше. Фала бога здрави и живи сме.На личен план, бизнис план се случи.Работиме со дроп шопинг“.

„Имаше многу осцилации горе-доле, но ќе ги паметам само добрите работи. На пример го запознав господинот. Тоа е убава работа“.

„По што ќе ја паметам дека многу убаво поминав и дека многу убаво беше. Јас сум од Канада. Дојдов во Македонија и со братучетка ми си шетаме“.

„Најубавото што ми се случи оваа година е што дојдов тука во Охрид. Нашиот живот таму е многу зафатен со обврски и би го издовила идењето во Охрид. Ние сме од Торонто-Канада“.

„На личен план беше многу тажна за мене, меѓутоа со големо задововлство сум тука после долги години во странство. И немам зборови да кажам, колку е убаво да бидеш дома.После 30 години од Австралија. Му порачувам на секој еден млад човек, пред да ја напушти оваа земја, длабоко да размисли. Знам дека нема услови, но се создаваат услови“.

Годината која доаѓа очекувањата се да биде поуспешна.Но и да има мир во светот, и подобри економски услови за живот.

„Тежнеење на зголемување на бројот на студенти на Факултетот на туризам во Охрид.Се бориме Охрид повторно да го добие местот кое го заслужува на образовен план“.

Повеќе пари, повеќе со фамилијата да бидам. И само за убаво

„По добро нешто. Не само за нас како фамилија, него за сите во Македонија. Секогаш во животот сум бил оптимист“.

„Кои се твоите планови за 2023. можеби за некој друг клуб да заиграш?Па да во прва лига планирам, ако ме побараат“.

„Очекувам новата година да биде барем половина добра како оваа“.

„Повеќе пари, повеќе со фамилијата да бидам. И само за убаво“.

„За 2024 очекувам да биде многу подобро. Не знаеме како ќе биде, но се надеваме дека нешто ќе направи народот со својата земја“.

2023-та македонските граѓани ќе ја паметат и по нискиот животен стандард, порастот на инфлацијата и зголемувањето на цените на основните прехранбени производи.

XS
SM
MD
LG