Линкови за пристапност

Фракционерски поделби во ВМРО-ДПМНЕ


Можни поделби во ВМРО-ДПМНЕ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Незадоволството од актуелното раководство се зголемува од ден на ден – и затоа ја преземаат оваа иницијатива, најавуваат фракционерите

Одлуката за враќање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, пред јавноста ги покажа сериозните поделби во најголемата опозициска партија. Додека Христијан Мицкоски и актуелното раководство се обидуваат да манифестираат единство во ВМРО-ДПМНЕ, разните струи во партијата, незадоволни од начинот на кој се развива внатрешната ситуација, денеска најавија обединување во една фракционерска платформа која, како што велат, ќе треба да воведе демократијата во партијата. Враќањето во пратеничките клупи, според фракционерите, е дел од договор меѓу Заев и Мицкоски.

„Нашата партија не прави грешки туку прави редици од грешки. Грешките се на секојдневно ниво и се позагрозувачки по интересите на партијата, членството и иднината на државата. Како што гледам преговорите финиширале на обострано задоволство на Заев и Мицкоски бидејќи изјавија дека партиските комисии договориле се“, вели Филип Петровски од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска повторија дека прва точка заради која се враќаат во парламентот е интерпелација на владата.

„ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука пратениците да се вратат во Собранието, а првата точка ќе биде барање доверба на актуелната влада. Во тек е изработката на документот со кој ќе побараме доверба од владата“, изјави за новинарите пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

„Во меѓувреме ќе се прави некаков театар со интерпелација на владата на Заев. Не Г-дине Мицкоски, сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставка за оваа нелегитимна власт навистина да ја предизвикаме“, додава Петровски.

Фракционерите тврдат дека незадоволството од актуелното раководство се зголемува од ден на ден – и затоа ја преземаат оваа иницијатива.

„Секој кој смета дека се наоѓа себе си во овие принципи – да ја вратиме партијата на вистинскиот колосек,на вистинската идеологија, ние сме подготвени да ги прифатиме во секој момент“, рече Јове Кекеновски од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

Главните барања на оваа струја во ВМРО-ДПМНЕ се демократизација преку измена на статутот кој треба да овозможи поголемо влијание на партиската база за сметка на намалувањето на моќта на партискиот врв.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG