Линкови за пристапност

ВМРО-ДПМНЕ бара нови избори; СДСМ вели мнозинството во парламентот е декларирано


ВМРО-ДПМНЕ бара нови избори; СДСМ вели дека мнозинството во парламентот е декларирано
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Брзо формирање реформска влада, почитување на изборните резултати, воздржување од разгорување меѓуетнички тензии – тоа беа дел од главните пораки што Хан и евро пратениците вчера ги испорачаа на средбите во Скопје

„Предвремени избори ќе има, колку побрзо, толку подобро за земјата“ – со таа позиција ВМРО-ДПМНЕ настапила на средбата со Јоханес Хан. Партијата, која денеска во детали го образложи состанокот со еврокомесарот, предупредила за, како што се вели во соопштението, директно мешање на надворешни фактори во создавање на кризата. ВМРО-ДПМНЕ и пред Хан побарала Брисел да ја осуди платформата на албанските партии која ја смета за неприфатлива. За се уште владејачката партија има два начина за излез од кризата – или отфрлање на платформата, или предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ оди на избори ќе загуби зашто никој не може да го толерира ваквото дрско однесување и не предавање на власта“ – одговори лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и додаде дека „Мнозинството во парламентот е декларирано и треба да се направи брз и демократски трансфер на власта. Ако се оди на избори тие ќе изгубат и ние би имале неколку пратеници повеќе и Ѓорге Иванов може повторно да не го даде мандатот. Нема повеќе ни тирански платформи, ни платформи на ДУИ на Беса, на Алијанса на СДСМ, нема ништо од тоа. Има програма на идна влада на Македонија која во својата преамбула го има зацврстувањето на унитарноста на Македонија“.

Брзо формирање реформска влада, почитување на изборните резултати, воздржување од разгорување меѓуетнички тензии – тоа беа дел од главните пораки што Хан и евро пратениците вчера ги испорачаа на средбите во Скопје: „Она што е важно е Уставот кој нормира за потребата од мнозинство и во една демократија има и период по изборите каде поинаку се дефинира кој е победник, а кој губитник. Победник може да биде првата партија, но победници може да бидат и оние партии што освоиле места во парламентот. Конечно, релевантно е која формација има мнозинство во собранието,“ кажа еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Хан го повика претседателот Иванов, кој одби да се сретне со него, да ја преиспита одлуката за не доделување на мандатот и проактивно да учествува во решавање на кризата. Еврокомесарот ги повика сите политички чинители, и покрај разликите, да останат посветени на мирно надминување на тензиите и да работат во насока на хармонизирање на односите.

XS
SM
MD
LG