Линкови за пристапност

ВМРО-ДПМНЕ против идејата Џафери да биде премиер, опозицијата размислува дали да учествува во техничката влада


Не запираат критиките на опозицијата за партискиот договор СДСМ-ДУИ кој, меѓу другото, предвидува техничката влада од јануари догодина до завршувањето на изборниот процес, како премиер, да ја предводи Талат Џафери. Таквото решение, за ВМРО-ДПМНЕ е само потврда дека „соцјалдемократите се малцински партнери во владата на ДУИ и Али Ахмети“, иако Џафери беше министер и во владите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчерашните одлуки на извршниот одбро на СДСМ се дел од пакетот на срам нанесен на земјата. Талат Џафери е дезертер од АРМ. Тоа е човек што го газеше Уставот и Деловникот“, изјави Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Спикерското место што ќе остане испразнето со заминувањето на Џафери во премиерскиот кабинет треба да го пополни координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, реши врвот на партијата.

„Митрески е долгогодишен пратеник, со големо искуство, вреден, чесен и псоветен на граѓаните. Сигурни сме дека Митрески ќе ја извршува функција на највисоко ниво“, рече Дарко Каевски од СДСМ.

Друго прашање кое се уште не е затворено, а е клучно во однос на техничката влада, е дали најголемата опозициска партија – ВМРО-ДПМНЕ ќе номинира свои претставници за министри за вантрешни работи и за труд и за социјална политика, како што предвидува законот за влада.

„Дали ќе учествуваме во техничката влада – остануваме на ставот дека ќе заседваат телата на партијата и навремено ќе ја информираме јавноста“, рече Ковачки.

„Тоа е законска обврска. Како што е законска обврска на 100 дена пред одржување на изборите, претседателот на владата да поднесе оставка, што јас ќе исполнам оваа законска обврска исто како претходните премиери што ја исполниле законската обврска. Така и ВМРО-ДПМНЕ треба да предложи свои кадри и да ја исполни законската обврска. Ако не го стори тоа, ќе фрли дамка врз изборите“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Во 2024 година покрај парламентарните, треба да се одржат и претседателски избори. Опозицијата се уште сондира можни кандидати, актуелниот шеф на државата Пендаровски се уште официјално не потврдил дека „ќе трча“ по втор мандат се кандидира... Во владејачкиот табор, како потенцијален кандидат, се споменува и министерот за вантрешни работи.

„Тоа не се отворени теми ниту, пак, теми за јавност, за тука. Тоа се партиски теми и кога ќе дојде моментот ќе го кажам својот став“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Минатата недела лидерите на политичките партии се договорија првиот круг од претседателските избори да се одржи на 24 април, а вториот круг, заедно со парламентарните да биде на 8 мај.

XS
SM
MD
LG