Линкови за пристапност

Визија за забрзување на економскиот раст во Северна Македонија


Разговор со Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на Македонија2025.
Разговор со Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на Македонија2025.

Нулта толеранција за корупција, транспарентност, систем базиран на заслуги и лична одговорност, но и континуиран раст на бруто домашниот производ над 5 проценти – се столбовите на реформскиот план „Визија за забрзан економски раст“ на Северна Македонија, што го предлага Македонија2025.

Професорката д-р Никица Мојсоска Блажевски, која е извршна директорка на организацијата, за Гласот на Америка вели дека основната цел на овој план е делови од него да се вклучат во политичките програми за претседателските и парламентарни избори и истиот да се имплементира.

„Ја информираме јавноста за овој план или за визијата, понатаму исто така зборуваме и со политичките партии од позицијата и од опозицијата, меѓутоа зборуваме и со академијата, со МАНУ, со бизнис коморите. Значи, сакаме да го смениме наративот во дискусиите, сакаме да ги ставиме приоритетите навистина во фокус на јавните дебати и секако во иднина да испорачаме или владите да испорачаат заедно со сите партнери повисоки стапки на раст“, изјави проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на Македонија2025.

Според професорката Мојсоска Блажевски, во изборна година каква што е оваа растот на економијата се движи од 2 до 2,5 проценти, а доколку државата сака повисок животен стандард за граѓаните, економскиот раст да биде над 5 проценти.

„Доста од годината ќе биде изгубена во смисла на тоа дека нема да имаме фокус врз економијата, зборувам и за големи инфраструктурни планови кои што треба да ги имплементира владата, меѓутоа зборувам и за инвестиции на компаниите бидејќи сепак во ова предизборие сигурно ќе видиме различни политики или планови за политики од аспект на даночна политика, што влијаат врз компаниите така што ќе видиме на еден начин одложување на поголемите инвестициски проекти на компаниите со цел да се види која ќе биде програмата на новата влада и кој ќе биде третманот кон компаниите“, додаде Мојсоска Блажевски.

Народната банка на Северна Македонија во најновиот извештај за макроекономските движења, прогнозира дека до крајот на годината бруто домашниот производ ќе порасне за 2,1 проценти, што е намалување на проекциите за оваа година со кои се прогнозираше раст од 2,6 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG