Линкови за пристапност

Минстерството за здравство го раскина договорот со Визарис


Mнистерот Тодоров ова го соопшти во Собранието како одговор на пратеничко прашање

Под притисок на јавноста министерот за здравство Никола Тодоров одлучи да го раскине договорт за набавка на апарти за клиничкиот центар од фирмата Визарис со која се поврзува името на уредничката во Сител и Вечер, Ивона Талевска.

Ова одлука министерот Тодоров ја соопшти денеска во Собранието како одговор на пратеничко прашање од опозицијата.

Договорот го поништивме поради нарушување на начелото на совесност и чесност, рече Тодоров во одговорт на прашањето на пратеникот од СДСМ. Оливер Спасовски. Спасовски праша дали премиерот Никола Груевски ја дал наредбата фирмата да го добие тендерот и дали минатата година заради исплатата на милион евра на, како што рече, неговата омилена уредничка Ивона Талевска морале да бидат исфрлени новинарите и пратениците од собранието за да биде изгласан буџетот.

„Секогаш кога ние ќе увидиме дека има определена работа којашто е спротивна на нашите морални или етички вредности, ние преземаме мерки - тоа е мерката која ја презедовме, го раскинавме договорот“, рече Тодоров.

Воедно министерот Тодоров оваа прилика ја искористи да го обвини лидерот на опозицијата.

„Се поставува прашање дали моралните начела и вредности важат и за лидерот на опозицијата Зоран Заев и дали тој ќе собере сили да ги раскине договорите со фирмите на неговите најблиски. За разлика од Заев на Визарис не им бил исплатен ниту еден денар.“

Пратеникот Спасовски не беше задоволен од одговорот:
„Вие не можете да ја лажете целата македонска јавност. Тоа што сега го кажавте зборува за вашиот кредибилитет за се` друго што зборувавте. Кажавте дека вие не сте исплатиле ниту еден денар, ниту едно евро во однос на овој тендер. Еве ви ја фактурата и каде имате исплатено 40 илјади евра по однос на овој тендер на Висарис. И сега на кој да му се верува, на тој што излегува и плаче на говорница и кажува што е правно и што е етички, или да се верува на документите и на фактурите“, праша пратеикот Спасовски.

Во меѓувреме продолжија препукувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и потпретседателката на СДСМ околу киријата која нејзиниот сопруг ја наплаќа за станот во кој живеат, и за парите кои владејачката партија ги троши за кампања.
XS
SM
MD
LG