Линкови за пристапност

Со витамин Д против туберкулоза и ХИВ


Нови студии сугерираат дека таканаречениот „сончев витамин“, може да помогне во справување со туберкулозата и намалување на ризикот од смртни случаи заради вирусот ХИВ што предизвикува СИДА.

Годишно од туберкулоза умираат околу 1,5 милиони луѓе и постои загриженост дека болеста станува отпорна на лекови. Сега, нова студија сугерира дека третманот против туберкулозата може да биде значително интензивиран со додавање витамин Д во режимот.

Научниците одУниверзитетот Квин Мери во Лондон следеле 95 лица болни од туберкулоза. Сите примиле стандарден третман со антибиотици, но на некои им била дадена голема количина на витаминот Д, што била околу 10 пати повеќе од просечната доза.

Тимот научници предводен од Адриајан Мартину открил дека бактеријата поврзана со туберкулозата исчезнала кај пациентите кои примале витамин Д и тоа во просек за околу 23 дена, речиси две недели порано од лицата кои биле само на антибиотици.

Мартину додава дека витаминот Д се чини дека го поттикнува природниот одбрамбен механизам на човечкото тело.

Одвоена студија направена во Танзанија, покажува дека ХИВ-позитивните пациенти со недостаток на витаминот Д забележале влошување на здравствената ситуација и биле со двојно поголеми изгледи да починат, споредено со оние со доволно или нормално ниво на витаминот. Научниците го проучувале нивото на витаминот Д кај 1,100 мажи инфицирани со ХИВ меѓу 2006 и 2010 година.
XS
SM
MD
LG