Линкови за пристапност

Висок руски генерал убиен при експлозија на бомба во Москва


Инспектори се собираат покрај тело на местото на експлозијата, во која загинаа генерал-полковник Игор Кирилов и неговиот помошник, според рускиот истражен комитет, во Москва, 17 декември 2024 година
Инспектори се собираат покрај тело на местото на експлозијата, во која загинаа генерал-полковник Игор Кирилов и неговиот помошник, според рускиот истражен комитет, во Москва, 17 декември 2024 година

Руските власти соопштија дека бомба експлодирала денес на улица во Москва, при што загинале две лица, вклучително и командантот на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана.

Експлозијата се случила додека генерал-полковник Игор Кирилов и неговиот заменик излегувале од станбена зграда во југоисточна Москва, според рускиот истражен комитет.

Властите соопштија дека бомбата била скриена во електричен скутер паркиран во близина на влезот на зградата.

Видео од местото на експлозијата покажува јагленисана фасада, скршени тули и прозорци. Бомбашкиот напад се случи еден ден откако украинските обвинители го обвинија Кирилов во врска со употребата на хемиско оружје од страна на руските сили во нивната речиси тригодишна војна во Украина.

Во октомври, Британија, исто така, го санкционираше Кирилов за помагање во распоредувањето на, како што го нарече, „варварско“ хемиско оружје против украинските сили.

Украина денес ја презеде одговорноста за убиството на висок руски генерал на улица во Москва со далечинско детонирање на бомба скриена во скутер пред неговата станбена зграда.

Некои информации се од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG