Постои ризик да не им се продолжат визите на околу 76 новинари во Гласот на Америка, од кои повеќето истекуваат наредниот месец.
Портпаролот на Агенцијата за глобални медиуми, под чија контрола е Гласот на Америка, рече дека секоја апликација за продолжување на визите се разгледува поединечно.
Агенцијата има 62 вработени со договор за дело, и 14 вработени со полно работно време, кои работат во САД со Ј1 виза.
Засега, ниту еден од новинарите кои побарале продлжување на статусот не бил одбиен. На една новинарка, пак, веќе ѝ истекол рокот за продолжување на визата, и таа мора да замине од САД до крајот на месецот.
На дел од новинарите рокот за продолжување на визите им истекува за неколку недели, по што тие би можеле да бидат принудени да се вратат во нвните држави. Повеќето од нив се соочуваат со можна одмазда поради известувањето во Гласот на Америка.
Портпаролот на Агенцијата за глобални медиуми, рече дека целта на ревизијата на визите е да го подобри управувањето со Гласот на Америка, заштитувајќи ја националната безбедност, како и да осигура дека нема злоупотреба на практиките при вработување.
Ј1 визата е меѓу визите кои привремено се забранети од администрацијата на претседателот Доналд Трамп за време на пандемијата, која верува дека на тој начин ќе се заштитат работните места на американските државјани.
Новинарски организации во САД, меѓу кои Клубот на новинари во Вашингтон, реагираа на ваквата одлука, велејќи дека одбивањето да се продолжат визите на новинарите во Глас на Америка ќе ја доведе во ризик нивната безбедност.
Facebook Forum