Линкови за пристапност

Западнонилскиот вирус во САД: најлоша ситуација досега


Владини претставници во Тексас наредија воздушно прскање со инсектицид во Далас против комарците кои го носат потенцијално смртоносниот Западнонилски вирус.

Од Западнонилскиот вирус годинава во САД починаа 26 лица, а заразени се 700. Ситуацијата е најлоша во сојузната држава Тексас.

Вилијам Рајсен, ентомолог од Универзитетот на Калифорнија во Дејвис, вели дека ова е најголемо избивање на болеста од 2003-та - наваму.

Симптомите се слични на грип, така што многумина не посветуваат големо внимание на инфекцијата.

Заболува едно на секои пет лица каснати од комарец заразен со вирусот. Болеста е најтешко изразена кај помалку од еден процент од тие случаи, а најлошо минуваат оние над 50-годишна возраст.

Во тек е истражување да се најде вакцина против болеста, но досега не е најден успешен третман.

Некои жители на Далас се загрижени дека прскањето од воздух е штетно по здравјето. Рајсен, пак, наведува дека слично прскање во Калифорнија не резултирало во лоши ефекти по жителите.
XS
SM
MD
LG