Линкови за пристапност

Научниците загрижени за ширењето на вирусот Зика


Причина: невролошките ефекти и долгорочните компликации

Здравствените работници на САД велат дека колку повеќе истражувачите дознаваат за вирусот Зика, толку повеќе се загрижени за невролошките ефекти и долгорочните компликации предизвикани од вирусот.

Доктор Ен Шучат, заменик-директор на американскиот Центар за контрола и превенција од болести, претстави нови сознанија во понеделникот кои покажуваат дека вирусот Зика е поврзан со поширок збир на компликации кај бремените жени кои одат многу подалеку од микроцефалија.

Таа истакна загриженост во врска со ширењето на болеста кај „стотици илјади“ потенцијални случаи во Порторико и во исто време го повика Конгресот итно да одобри 1,9 милијарди долари итно финансирање за борба против вирусот Зика.

Официјални лица на Белата куќа предупредија дека без ова финансирање САД ризикуваат соодветно да одговорат на вирусот Зика, вклучувајќи ги и пролонгирање на контролата на комарците и надзор, дијагностичко тестирање и развој на вакцина.

XS
SM
MD
LG