Линкови за пристапност

Белата куќа бара од Конгресот 1,8 милијарда долари за борба против вирусот Зика


„Мораме да работиме агресивно за да ја истражиме оваа епидемија и да го ублажиме до најдобар можен степен ширењето на вирусот“ вели Белата куќа во своето барање

Американскиот претседател Обама побара од Конгресот повеќе од 1,8 милијарда долари итно финансирање за да се помогне во борбата против вирусот Зика во САД и другите земји.

Во изјавата од понеделникот, Белата куќа соопшти дека финансирањето би ги „поддржало основните стратегии за борба против вирусот“ како што се брзото проширување на програмите за контрола на комарците, забрзување на истражувањето за вакцината, дијагностички развој, обезбедување на здравствени сервиси и поддршка за бремените жени со ниски приходи.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести, што е највисока федерална агенција за јавно здравје, објави 50 лабораториски потврдени случаи помеѓу патници од САД од декември 2015 до февруари 2016 година.

Вирусот Зика се пренесува преку убод од комарци од видот Аедес и може да биде пренесен преку сексуални активности. Вирусот не предизвикува симптоми кај 80 проценти од луѓето, но е закана за бремени жени.

„Мораме да работиме агресивно за да ја истражиме оваа епидемија и да го ублажиме до најдобар можен степен ширењето на вирусот“ велат од Белата куќа во своето барање.

Според Панамериканската здравствена организација, 26 земји и територии на Америка имаат пријавено заразеност од вирусот Зика.

Од Светската здравствена организација велат дека вирусот е силно осомничен дека предизвикува микроцефалија, болест која предизвикува бебињата да се раѓаат со абнормано мали глави.

СЗО го прогласи вирусот Зика за глобална јавна здравствена итност и предвидува дека четири милиони луѓе можно е да бидат заразени меѓу сега и крајот на годината.

XS
SM
MD
LG