Линкови за пристапност

Демонстрантите во Вирџинија соборија уште еден споменик на Конфедерацијата


Полицијата и локалните медиуми јавуваат дека демонстрантите собориле уште еден споменик на Конфедерацијата во градот Ричмонд, Вирџинија доцна во вторникот.

Весникот Ричмонд Тајмс објави дека статуата, споменик на артилериската единица на Конфедерацијата се наоѓала во близина на кампусот на универзитетот Комонвелт во Вирџинија.

Демонстрантите барaат да се отстранат сите споменици на Конфедерацијата


Весникот објави дека демонстрантите користеле јаже за да го симнат споменикот од неговиот пиедестал. Демонстрантите марширале во текот на вечерта, при што уште еднаш ги повториле своите барања за отстранување на сите споменици на Конфедерацијата и формирање на цивилен одбор за надзор на полициските активности.

Во видео објавено на веб-страницата на Тајмс, може да се види како статуата испрскана со боја е спуштена на земја.

Ова е трета статуа на Конфедерацијата и четврт споменик срушен од демонстрантите во Вирџинија, откако избувнаа меѓународните протести минатиот месец, повикувајќи на полициски реформи по смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој почина во полициски притвор.

Статуи на претседателот на Конфедерацијата, Џеферсон Дејвис и генералот на Конфедерацијата, генералот Вилијамс Картер Викам, како и статуата на Кристофер Колумбос, беа соборени од демонстрантите во последните неколку недели. Градот бил главен град на Конфедерацијата за време на американската граѓанска војна од 1861 до 1865 година.

XS
SM
MD
LG