Линкови за пристапност

Политичка криза во Вирџинија


Се продлабочува политичката криза во сојузната држава Вирџинија по обвиненијата против двајца други виши претставници. Ова се случува кога кариерата на гувернерот Ралф Нортам веќе е загрозена поради расистичка фотографија.

Државниот правобранител Марк Херинг се извини откако призна дека го покрил своето лице со кафеава шминка кога бил 19 години за да имитира афро-американски рапер.

Во меѓувреме, заменик-гувернерот на Нортам, Џастин Ферфакс, се соочува со обвинение за сексуален напад. Ферфакс не негира дека пред да се ожени имал врска со жената која го обвинува, но вели дека не извишил сексуален напад.

Ако сите тројца поднесат оставки, претседавачот на Долниот дом, републиканецот Киркленд Кокс ќе стане гувернер при што демократите ќе ја изгубат власта во оваа сојузна држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG