Линкови за пристапност

Насилството и младите во САД


Насилството и младите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00
Direct link

Насилството и младите

Центарот за контрола и превенција на болести вели дека насилството е втора водечка причина за смрт на Американци на возраст меѓу 10 и 24 години

Од улични до училишни тепачки, според најнови податоци, насилството меѓу младите Афро-Американци е во пораст. Додека насилството меѓу младите од 2004-та наваму се намали на национално ниво, од Центарот за контрола и превенција на болести велат дека на црните деца отпаѓаат најголем дел од жртвите на криминал и извршителите на криминални дела.

Тони Луис Џуниор знае за трагичните последици од насилството меѓу младите во Вашингтон. Кога имал само девет години, татко му добил деветгодишна казна затвор за вмешаност во голема мрежа за дистрибуција на кокаин.Тој вели дека буквално гледал како негови пријатели умираат, убиени пред негови очи, како ги држел во раце додека умирале...

Насилството меѓу младите Афро-Американци се должи и на недостаток на можности за образование
Тони Луис Џуниор

„Во вакви сиромашни населби многумина западнале во криминал, бидејќи тоа е она што го прави сиромаштијата, а со криминалот доаѓа и насилство“, вели тој.

Луис додава дека насилството меѓу младите Афро-Американци се должи и на недостаток на можности за образование. Тој вели дека има потреба од ангажман на возрасните ментори за промена во однесувањето на младите.

Џеј Харисон Колман е директорка на основно училиште. Ја започнала програмата за да утврди зошто младите прибегнуваат кон насилство за решавање конфликти решат одреден конфликт.

Целта е, вели таа, на младите да им се дадат други патокази во однесувањето, да се навикнат да употребуваат зборови, наместо тупаници.

Програмата вклучува назначување централна личност, често пријател, што ќе има задача да ги амортизира конфликтите во ситуации кога нема присутен возрасен, но главна работа е да се обучат родителите да играат попозитивна улога во животот на децата, да бидат поинволвирани.

Промените се бавни, но програмата на Тони Луис покажува резултати и тој вели дека нема намера да престане да работи на искоренување на насилството меѓу младите во главниот град на САД.
XS
SM
MD
LG