Линкови за пристапност

Виетнамско пиво - хит во Вирџинија


Виетнамско пиво, атракција во Вирџинија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Ан Буи заедно со неговите браќа и сестри имигрирале од Виетнам во САД во доцните 1980-ти. Неколку години подоцна, во Ричмонд, Вирџинија, им се придружиле и нивните родители. Нивниот семен ресторан помогна во тоа нивниот нов град да стане позната дестинација за љубителите на пивото.

За некои љубители на пивото во градот Ричмонд, ова е најдобрата пивница...

„Доаѓам овде затоа што се` е одлично - и услугата и пивото, сопственикот. Исто така, овде имаат поразновидни производи од било која пивница“, вели Алекс Вајс, кој е голем љубител на пиво.

Поголем дел од заслугата му припаѓа на сопственикот и љубителот на пивото, Ан Буи, кој открил дека во неговиот семеен ресторан американските пива не одат најдобро со виетнамските специјалитети.

„Во минатото, за мене американските пива имаа горчив и силен вкус, кој не го сакав. Белгиското пиво е благо и кисело истовремено. Затоа ресторанот започна да продава белгиски и германски пива, кои одат добро со виетнамската храна која е свежа, која исто така е блага и кисела. Тоа е причината зошто новиот ресторан успеа и изгради добра репутација“, Ан Буи од ресторанот Меконг.

Со големиот избор на белгиски и германски пива, Ан Буи ги привлекува љубителите на пивото. Тие го шират добриот збор за овој локал. Денес, овде има повеќе од 50 точени пива. Ресторанот Меконг беше именуван за најдобра американска пивница два пати.

Во Ричмонд, сега има 35 пиварници и ова привлекува нови бизниси и жители.

„Дали некогаш сум помислил дека овој град ќе се појави на американската пивска мапа? Се разбира, тоа беше мојот сон“, вели Буи.

Секој месец, производителите на пиво се собираат во Меконг, бидејќи сите имаат корист од експертизата на Ан.

„Ја создадов и поддржував заедницата на љубителите на пиво. Секој кој сака да пие пиво, сака да знае како да направи пиво. Секогаш имам време да им помогнам да научат“, вели Буи.

Тој неодамна отвори и пиварница со име „Одговор“. Ан вели дека постои едноставна причина за изборот на компанијата ... затоа што кога со неговото семејство решиле Америка да биде нивниот нов предизвик, на прашањето како ќе го сторат тоа „одговорот“ бил – со пиво.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG