Линкови за пристапност

Тинејџери дизајнираа видеоигра која ги учи децата како да се заштитат од вирусот


Играта ја направија браќа од Пакистан, а ги содржи препораките на СЗО за социјално дистанцирање, миење раце и носење маска

Додека родителите се обидуваат да им објаснат на децата како да ги следат здравствените препораки за заштита од вирусот, двајца тинејџери од Пакистан најдоа решение.

Тринаесетгодишниот Набхан Кан, и неговиот брат, 14-годишниот Кенан Кан, дизајнираа видеоигра, која ги учи децата да ги следат препораките на Светската здравствена организација (СЗО), како социјално дистанцирање, миење раце 20 секунди, и носење маска.

„Научив за заштитата и симптомите. Забавно е“, велат децата, кои ја пробале играта, додавајќи дека научиле оти луѓето кои се болни можат да бидат заразени од вирусот.

Браќата Кан добиле идеја да ја направат играта, откако виделе дека истражувањата покажуваат оти луѓето имаат проблеми да ги запомнат сите информации, кои ќе се објават на телевизија, радио или на социјалните медиуми.

Според нив, играта им помага на луѓето да го вежбаат знаењето, што потоа станува и навика во вистинскиот живот.

„Не` исполнува тоа што луѓето, преку нашата игра, учат нешто ново, и уживаат во тоа“, велат браќата.

За да ја направат играта, тие немале формално образование, туку се самоуки, користејќи информации од интернет.

Тие почнале да работат на играта во февруари, а ја објавиле во април. Таа е бесплатна, со цел колку што може повеќе луѓе да имаат корист од неа.

Од почетокот на пандемијата, луѓе низ целиот свет наоѓаат различни начини како да се справат и заштитат од коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG