Линкови за пристапност

Посетата на Нуланд - сериозна порака за партиите


Посетата на Нуланд, серизна порака за политичарите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Експерти во Скопје сметаат дека доаѓањето на помошничката државна секретарка на САД го финиширала планот за излез од кризата.

Пакетот со решение за кризата е ставен на маса, и на тоа се должи оптимизмот што Викторија Нуланд по средбите со лидерите на четирите партии, велат експерти за Гласот на Америка.

Нивните проценки се дека изјавата на високата претставничка на Стејт департментотноси сериозна порака до партиите – проветрување на редовите од лицата инволвирани во аферата со прислушувањето.

Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европска политика вели дека настапот на Нуланд бил охрабрувачки.

„Претпоставувам дека зад тоа се крие и посилен пакет кој ќе значи и посебно судско одделение зашто таа беше многу јасна во однос на проследување на инкриминациите. Тоа претпоставува тргање од политичката сцена на оние личности кои се уште се поврзани со прислушувањето“, вели Ристевска - Јорданова.

Според неа, во овој период улогата на Вашингтон е повеќе дипломатска, наспроти онаа на Брисел кој ја презеде функцијата на „стап“ во процесот, преку сакнционирањето на земјава со повлекувањето на сртедства од ИПА-фондовите.

И Алберт Муслиу смета дека посетата на Нуланд го финиширала планот за излез од кризата, што според него, наскоро ќе се случи.

„Викторија Нуланд е позната како политичарка која го пробива мразот. Верувам дека на вчерашните средби таа го пробила мразот и уверен сум дека деновиве ќе видиме пробив во процесот“, рече тој.

Дека има некакво поместување во разговорите меѓу партиите зборува и изјавата на евроамбасадорот Аиво Орав, по средбата на работните групи, која се одржа веднаш по состаноците со Нуланд.

„Мислам дека имаше некаков напредок и се надеваме дека може да се придвижиме напред“, изјави Орав.

Во овој период целта е да се затворат две клучни прашања неопходни за фер и демократски избори - прочистување на Избирачкиот список и реформа во медиумите.

XS
SM
MD
LG