Линкови за пристапност

Нуланд: Сега е време за фер избори


Викотрија Нуланд во посета на Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:17 0:00

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е клучна институција за враќање на владеењето на правото, порача помошничката државна секретарка на САД

Викотрија Нуланд, при денешната посета во Скопје, порача дека договореното во Пржино мора да се исполни и оти очекува наскоро да има договор за идеите што се на маса.

Според неа, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е клучна институција за враќање на владеењето на правото.

Нуланд нагласи дека охрабрена го напушта Скопје по денешните средби со четирите политички лидери.

„САД, како што знаете, работеше со ЕУ и со сите политички сили за надминување на политичката криза во изминатата година, што резултираше со потпишување на договорот од Пржино. Имаше некаков напредок во неговото имплементирање, но сега е време за комплетирање на работата и поставување на Македонија на курс за одржување фер и слободни избори. Главните партии разговараа како да се дојде до избори веќе извесен период, пред и јас да дојдам. Денеска се видов со претставници на четирите партии, и морам да кажам дека го напуштам Скопје охрабрена од она што го слушнав“, изјави Нуланд.

Таа вели дека се надева оти во наредните денови преговарачките тимови да можат да се усогласат за идеите, а за тоа, како што рече таа, очигледно ќе треба политичка волја од сите страни.

„ Јас почувствував дека волја има. Се разбира дека амбасадорот Бејли и нашиот тим ќе ја продолжат нивната силна работа заедно со ЕУ, за да се обидат да помогнат за страните да постигнат договор што е можно побрзо. Работата на СЈО е суштински важна за одговорност и чист судски систем на оваа земја“, изјави високата претставничка на Стејт депратментот Викторија Нуланд.

XS
SM
MD
LG