Линкови за пристапност

Вевчанскиот карневал и оваа година атрактивна манифестација


Вевчанскиот карневал и оваа година атрактивна манифестација
Вевчанскиот карневал и оваа година атрактивна манифестација

Вевчанскиот василичарски карневал, со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар, останува туристичка атракција.

Некогаш оспорувани, репресирани... Вевчанци успеаја својот ведар и непокорен дух да го преточат во достојно продолжување на вековната традиција. Славното Вевчани и оваа година пулсира со најновото издание на традиционалниот Вевчански карневал.

Вевчани или „Република Вевчани“, како што се нарекуваат повеќе од 200.000 граѓани кои го поседуваат и познатиот вевчански пасош се препознатливи по живиот дух. Тие успеаја низ годините од Вевчанскиот василичарски карневал, со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар, да направат вистинска туристичка атракција.

Карневалот секоја година започнува на 13 јануари со богата културно-уметничка програма, а завршува на 14 јануари со ритуалното палење на маските.

Оваа година најмногу внимание привлекоа маските на сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски во полициски џип, владиката и традиционалните - зет и невеста, глупавиот Август и ѓаволот.

Карневалот има над 14-вековна традиција и е спој на паганските обичаи со современата пародија на најзначајните случувања. повеќе други маски со кои досетливите Вевчанци ќе ги одбележат најзначајните настани од изминатата година. Маските почнуваат да се подготвуваат веднаш по завршувањето на претходниот карневал и се држат во строга тајност.

Никој во Вевчани, па дури ниту најдобрите хроничари не знаат од каде потекнува идејата за овој фестивал под маски. Во последно време, како што вели хроничарот на Вевчани Анастас Ќушкоски, се маскираат и повеќе жени, кои во минатото не смееле да учествуваат на карневалот.

„ Колку да ни е познато она што ќе го видиме, Вевчани сепак ќе изненади со присуството на новите маски затоа што секоја маска почнува да се обмислува и креира со завршувањето на претходниот карневал. Затоа бидете подготвени на секакви изненадувања“, порача Ќушкоски.

Она што се знае е дека сите оние кои живеат и работат во странство за време на Василица се враќаат во својот роден крај. На годинашното издание имаше гости од Лесковачкиот и од Риечкиот карневал, а се маскираа и 70-тина млади од невладиниот сектор од Струга.

Вевчанци за оваа подготвија и богата програма. Настапија познати македонски уметници од поп и рок сцената, а главна ѕвезда беше Момчило Бајагиќ - Бајага.

Вевчанскиот карневал е член на Фондацијата на светските карневалски градови.

XS
SM
MD
LG