Претседателот Барак Обама традиционално положи венец на Гробот на незнајниот војник на Националните гробишта во Арлингтон, близу Вашингтон.
Ова беше негова последна церемонија за Денот на ветераните, како врховен командант. Претходно, Обама во Белата куќа беше домаќин на појадок за ветерани и нивните семејства.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави дека Денот на ветераните го минува фокусирајќи се на формирањето на новата администрација. Утрово преку Твитер, тој кажа дека наскоро ќе бидат обелоденети „многу важни“ одлуки за тоа кој ќе му помогне во извршувањето на обврските.
Националниот празник се одбележува на 11-ти ноември, годишнината од завршувањето на Првата светска војна со мировен договор во 1918-та меѓу сојузничките сили и Германија. Денес, Денот на воените ветерани значи оддавање почит на ветераните од сите војни за нивниот патриотизам и определеноста за припадност во армијата и пожртвуваност за Америка.
САД им оддаваат почит на речиси 22 милиона ветерани.