Линкови за пристапност

Ден на ветераните


Празникот претходно се викаше Ден на примирјето, што влезе во сила „на единаесеттиот час од единаесеттиот ден од единаесеттиот месец“ во 1918-та.

Рестораните и другите трговски претпријатија ширум САД нудат бесплатни продукти или намалени цени за воените ветерани низ целата земја во знак на оддавање почит за нивната служба за денешниот празник – Ден на ветераните.

Празникот ќе се одбележи со традиционални церемонии, како положување венец на Гробот на незнајниот војник од страна на претседателот Барак Обама, на Националните гробишта во Арлингтон, Вирџинија.

Празникот Ден на ветераните, ги слави сите мажи и жени кои служеле во американската армија, и датира од 1919-та година кога претседателот Вудроу Вилсон го прогласил 11-ти ноември за Ден на примирјето, за да го означи крајот на борбите точно една година пред тоа, во Првата светска војна, или како што се нарекува „војна за ставање крај на сите војни“ – помеѓу Германија и сојузниците Велика Британија, Франција и САД. Примирјето славно влезе во сила „на единаесеттиот час од единаесеттиот ден од единаесеттиот месец.“

Денот на примирјето стана официјален државен празник во САД во 1938-та година, а во 1954-та година бил преименуван во Ден на ветераните, со цел да се обележат и Втората светска војна и Корејската војна. Овој празник е различен од Денот на сеќавањето, што се слави на последниот понеделник во мај и им оддава почит на паднатите борци за време на војна.

Американскиот празник Ден на ветераните исто така се совпаѓа со други празници во светот од ерата на Првата светска војна, вклучувајќи го Денот на сеќавањето во Британија и државите на Комонвелтот на Австралија и Канада.

XS
SM
MD
LG