Денес во Америка се слави Денот на ветераните и претседателот Барак Обама се придружи на честитките.
Претседателот беше домаќин на појадок за ветераните и нивните семејства во Белата куќа и потоа прославата продолжи со церемонија на Гробот на незнајниот војник на Националните гробишта во Арлингтон, кадешто тој одржа говор и положи цвеќе.
Обама ги повика американските бизниси да ги зголемат вработувањата на ветераните по отслужувањето во Авганистан и Ирак. Во неговиот говор, кој беше пренесуван на националната телевизија, претседателот рече дека денот на признание „ќе одѕвони празно“ доколку земјата не продолжи да ги поддржува вратените херои.
„Нашите ветерани се едни од најталентираните, најамбициозните и најспособни луѓе на планетава. Тие знаат да работат под притисок и ги завршуваат своите обврски“ вели Обама.
Во Европа, камбаните ѕвонеа и властите положија цвеќе да им се оддаде почит на милиони војници убиени за време на Првата светска војна. Церемонии во Париз, Лондон и во многу помали градови низ Европа го обележаа „единаесеттиот час од единаесеттиот ден од единаесеттиот месец“ кога примирјето беше потпишано на 11-ти ноември, 1918-та година. Со тоа дојде крај на она што беше нарекувано „војна за ставање крај на сите војни.“